• сабота, 13 јули 2024

Мемфис се поблиску до плејофот во НБА лигата

Мемфис се поблиску до плејофот во НБА лигата
Мемфис, 8 март 2020 (МИА) - Кошаркарите на Мемфис ја совладаа Атланта 118:101 и успешно ја чуваат позицијата која обезбедува настап во плејофот во НБА лигата. Предводник на „гризлите“ беше Јонас Валанчијунас со дабл-дабл ефект (27 поени, 17 скока, три блокади), Џо Морент учествуваше во триумфот со 24 коша, пет скока и шест асистенции. Најистакнат поединец во поразената екипа беше Џон Колинс со 27 поени и осум скока. НБА лига, резултати Мемфис - Атланта 118:101 Детроит - Јута 105:111 Кливленд - Денвер 104:102 Голден Стејт - Филаделфија 118:114 Портланд - Сакраменто 111:123 сѓд/ми/

Остани поврзан