• вторник, 16 јули 2024

Меморијален турнир во фудбал „Брвеница 2023“

Меморијален турнир во фудбал „Брвеница 2023“

Тетово, 22 јуни 2023 (МИА) – Општина Брвеница од денес до недела (25 јуни) за прв пат почнува со организирање на Меморијален турнир во фудбал „Брвеница 2023“. Натпреварите ќе се играат на стадионот во село Брвеница, каде денес од 17 часот е официјално претставување на учесниците и почеток на турнирот.

-Турнирот е во чест на починати фудбалери Косте Симовски од село Долно Седларце, Божидар Стаматоски од село Брвеница, Трајан Милошески од село Брвеница, Бесјан Јашари од село Челопек, Хаки Изаири од село Милетино, Ибрахим Беќири од село Теново. Ќе настапат екипи составени од жителите на населените места кои се дел од Општината, информираше Горан Јовановски од Општина Брвеница.

На крајот на турнирот при прогласување на победници ќе се доделат плакети постхумно за лицата во чија чест се организира турнирот, како и признанија на заслужни лица за развој и промоција на фудбалот. ас/дма/


Фото: Општина Брвеница 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан