Меморандум за соработка на Организацијата ЖЕНА Делчево и Факултетот за образовани науки при УГД – Штип
- Организацијата „ЖЕНА“ Делчево и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта, како што информира од Организација Жена е унапредување на образовните процеси, поддршка на младите и промовирање на родовата еднаквост.
Делчево, 29 ноември 2025 (МИА) – Организацијата „ЖЕНА“ Делчево и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта, како што информира од Организација Жена е унапредување на образовните процеси, поддршка на младите и промовирање на родовата еднаквост.
Со воспоставувањето на ова партнерство, двете страни најавуваат заедничко делување во повеќе области.
- Меѓу останатото предвидени се активности за развој и спроведување едукативни програми и неформални тренинзи, поддршка на студентската пракса и теренските активности за идните педагози и наставници, како и ко-креирање проекти во рамки на програмата Еразмус+, KA2 и други национални и меѓународни иницијативи, истакнаа од Организација Жена.
Меморандумот предвидува и заеднички истражувања поврзани со образованието, родовата еднаквост, детскиот развој и социјалната инклузија, како и поттикнување волонтерски и развојни активности во локалната заедница.
Од Организацијата „ЖЕНА“ Делчево изразија задоволство од започнувањето на соработката, оценувајќи дека таа претставува силен чекор кон создавање поинклузивна и поразвиена заедница. вс/ев/
ФОТО: Организација „Жена“ Делчево