• петок, 05 декември 2025

Мемов: Четири години општината беше заложник на неспособноста, дволичноста и хипокризијата на Горан Герасимовски

Мемов: Четири години општината беше заложник на неспособноста, дволичноста и хипокризијата на Горан Герасимовски

2 октомври 2025

Прес конференција – ОУ Коле Неделковски Центар

Почитувани центарци,

Денес почнуваме со серија на прес конференции со кои ќе го разобличиме навидум невиното, скромното и наивното лице на Градоначалникот на СДСМ од општина Центар, Горан Герасимовски. Четири години општината беше заложник на неспособноста, дволичноста и хипокризијата на Горан Герасимовски, кои се главни карактеристики на СДСМ во практикување на власта, се наведува во соопштението од ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.

Наместо ред – безредие. Наместо законитост – дивоградби. Наместо грижа за граѓаните – грижа за лични и партиски интереси. Дури и училиштата на нашите деца ги претвори во жртви на неговата неспособност.

Нема ништо поважно од безбедноста на нашите деца. Но за жал, во изминатите четири години, градоначалникот на СДСМ Горан Герасимовски ја претвори Општина Центар во полигон за дивоградби – дури и во училиштата.

Наместо да обезбеди здрави и сигурни услови за нашите најмлади, дозволи импровизации и незаконски градби што го загрозуваат нивното секојдневие.

Го прашуваме градоначалникот на СДСМ, Герасимовски:

• Зошто децата во основното училиште „Коле Неделковски“ од 1 септември годинава учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен
технички прием и за кој нема правосилно решение за измени во тек на градба?

• Дали децата во ОУ „Коле Неделковски“ учат во дива доградбa?

• Дали катноста на училиштето не одговара на урбанистичкиот план во тој
дел од Центар?

• Дали со цел да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во т.н. „технички простории“?

• Дали во тие „технички простории“ денес се изведува настава за нашите
деца?

• Дали договорите за градба склучени меѓу Општина Центар и изведувачот „Вардарградба ДОО Скопје“ во 2023 и 2024 година, во вредност од над 45 милиони денари или 735.000 евра, а според засегнатите и над 850.000 евра, содржат повреди на тендерската постапка?

Додека секој граѓанин мора строго да ги почитува процедурите за градба, изгледа дека за Општина Центар тоа не важи – дури и кога станува збор за
објекти во кои учат нашите деца.

Ова е врв на безобразие и лицемерие, наместо да обезбеди безбедни услови за учениците, Герасимовски дозволил доградби и надградби без технички
прием и без правосилни решенија.

Со кој морал Герасимовски и со кое право се фали со „успешни проекти“, кога во реалноста ги става децата во ризик и ја гази законитоста?!

Ова ли е визијата за Центар, импровизирани училници, дивоградба и злоупотребени пари на граѓаните?!

Наивноста и скромноста што сака да ја демонстрира Герасимовски се само маска.

Зад таа маска се крие човек кој во 4 години мандат дозволи дивоградби, незаконитости, нетранспарентни тендери и непочитување на елементарни
процедури.

Затоа на 19 октомври ова ќе прекине! Граѓаните ЗНААТ, и Центар ЗНАЕ!

Видео линк:
https://www.transfernow.net/dl/20251002omT09uQl

 

Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ

Остани поврзан