• среда, 27 ноември 2024

Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“
Лос Анџелес, 16 ноември 2021 (МИА) - Мел Гибсон ќе го режира и ќе глуми во петтиот филм од серијалот „Смртоносно оружје“, чие снимање ќе почне следната година, објави „Сан“, додавајќи дека глумецот го најавил тоа во изјава за новинарите во Лондон. За „Смртоносно оружје 5“ се зборува уште од 2020. Во декември таа година режисерот на претходните четири филма Ричард Донер потврди дека ќе сними нов дел од серијалот. Сепак, Донер почина на 91-годишна возраст во јули оваа година, но се чини, му оставил аманет на Гибсон да го доврши проектот. - Ричард Донер беше одличен човек. Работеше на сценариото и отиде доста напред во тоа. И еден ден ми рече: „Слушај, дете, ако умрам, ти ќе го направиш тоа“. Му реков: „Молчи!“ Но, тој почина. Кога ме замоли да го направам ова, не одговорив. Сепак, тој ѝ кажа за тоа на својата сопруга, студиото, продуцентот... Па, така, јас ќе го снимам петтиот филм, изјави Мел Гибсон (65). Глумецот ќе се врати како детективот Мартин Ригс. Се очекува да му се придружи и 75-годишниот Дени Гловер како неговиот партнер Роџер Мурто. Првиот филм од „Смртоносно оружје“ беше објавен 1987 година. Продукцијата доби голем број награди, како и номинација за Оскар. Останатите четири филма беа објавени во 1989, 1992 и 1998 година.  си/паг/

Остани поврзан