• среда, 27 ноември 2024

Мел Гибсон снимен со повредена нога, бастун и ортопедска чизма

Мел Гибсон снимен со повредена нога, бастун и ортопедска чизма

Лос Анџелес, 10 јануари 2024 (МИА) - Мел Гибсон е снимен како оди со помагала, поточно бастун и ортопедска чизма, по вечера со својата ќерка Лусија во ресторан во Малибу, Калифорнија, САД.

Според медиумите, глумецот-режисер најверојатно ја повредил десната нога за време на снимањето на филмот „Смртоносно оружје 5“. Актерот, инаку, неодамна го прослави својот 68. роденден. Ќерката Лусија, Гибсон ја има со руската музичарка Оксана Григориева.

Инаку, Гибсон во 2021 година потврди дека ќе се врати во главната улога на Мартин Ригс и во петтиот филм од акциониот серијал, и дека ќе го режира во чест на починатиот режисер Ричард Донер. Тој всушност го подготвил сценариото, но не стигна и да го режира филмот пред својата смрт. Гибсон сведочи дека Донер впрочем го замолил студиото главниот протагонист да го режира засега последното продолжение.

Во „Смртоносно оружје 5“ се враќа и Дени Гловер. За датумот на прикажување на филмот сѐ уште нема официјални податоци.  си/паг/

Фото: ЕПА, Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан