• петок, 05 декември 2025

Мелони ја поздрави подготвеноста на папата Лав XIV да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Мелони ја поздрави подготвеноста на папата Лав XIV да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Рим, 19 мај 2025 (МИА) - Европските и американските лидери ја поздравија подготвеноста на папата Лав XIV да биде домаќин на преговори меѓу Русија и Украина во Ватикан, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Кабинетот на премиерката потврди дека европските лидери, вклучувајќи ги украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, разговарале со Доналд Трамп по неговиот телефонски разговор со Владимир Путин.

Во соопштението за медиумите од канцеларијата на Мелони се наведува: „Во тек се подготовки за итно започнување на преговори меѓу страните, што би можело да доведе до прекин на огнот што е можно поскоро и да создаде услови за праведен и траен мир во Украина. Во овој контекст, позитивно беше оценета подготвеноста на Светиот Отец да биде домаќин на преговори во Ватикан. Италија е подготвена да придонесе за олеснување на контактите и да работи кон постигнување мир.“сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан