• петок, 22 ноември 2024

Мелони: Договорот со Албанија е историски модел на соработка меѓу членките на ЕУ и другите земји

Мелони: Договорот со Албанија е историски модел на соработка меѓу членките на ЕУ и другите земји

Тирана, 11 ноември 2023 (МИА) - Италијанската премиерка  Џорџа Мелони договорот за имигрантите со албанскиот премиер Еди Рама го оценува како историски.

-Договорот е историски и затоа што може да се направи за други нации, модел на соработка меѓу земјите на ЕУ и други земји, оценува таа на објава на социјалните мрежи.

Според албанските медиуми Мелони преку порака им објаснува на Италијанците и за содржината на овој договор.

-Протоколот предвидува Албанија да и ги даде на Италија области каде што може да се изградат две структури. Едната ќе биде прифатен центар во пристаништето, додека  втората структура ќе биде модел на камп, наведува Мелони.

Таа одговара и на обвинувањата на италијанската опозиција, која сместувањето на бегалците во Албанија го смета за депортација.

- Не може да се тврди дека ние депортираме луѓе во Албанија. Оние кои не се согласуваат можат да кажат што сакаат, но мислам дека никој не може да тврди дека имаме намера да депортираме некого во земја која е кандидат за Европската Унија, посочува Мелони.

Врз основа на договорот, што во понеделникот во Рим го потпишаа Рама и Мелони, прифатни центри ќе функционираат во областа Лежа, односно пристанишниот град Шенѓин и поранешната, сега  напуштена воена база во Ѓадр. вт/ссм/


Фото: Рама ФБ

Остани поврзан