• недела, 22 декември 2024

Меленото месо може да се чува замрзнато два до три месеци

Меленото месо може да се чува замрзнато два до три месеци

Лос Анџелес, 11 јануари 2024 (МИА) - Купеното свежо мелено месо може да стои во обичен ладилник еден ден - најмногу два, па најдобро би било, доколку не се користи веднаш, да се замрзне. Но, колку долго тоа месо може да остане во замрзнувач?

Вообичаено, меленото месо е говедско, но може да биде и свинско, телешко, јагнешко, пилешко месо... Ако е термички обработено и правилно складирано, меленото месо може да стои замрзнато во фрижидер два до три месеци и вкусот нема да се промени многу.

Исто така, важно е како е спакувано месото. Доколку е во оригиналното пакување, може да се чува до две недели, а доколку намерата е да се чува подолго од тоа, би било добро пакувањето да се завитка во фолија или во ќесе за замрзнување.

Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи вкусот по подолго време, појаснува Американската управа за храна и земјоделство во САД. Според сѐ, меленото месо не може да остане во замрзнувач засекогаш.  си/ссм/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан