• понеделник, 23 декември 2024

Мексико бара исклучување на Еквадор од ОН

Мексико бара исклучување на Еквадор од ОН

Мексико Сити, 11 април 2024 (МИА) – Мексико со тужба пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Холандија бара од Обединети нации да го исклучат Еквадор од Светската организација поради упадот на еквадорската полиција во Мексиканската амбасада.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека бара јавно извинување од Еквадор за минатонеделната рација, надомест на штета и ветување дека тоа нема да се повтори.

Судот, во согласност со повелбата на ОН, треба да го одобри протерувањето и не би требало да има вето од Советот за безбедност на ОН, посочи Обрадор.

Поради упадот на еквадорската полиција во Амбасадата на Мексико во Кито, Мексико ги прекина дипломатските односи со Еквадор. Упадот беше извршен со цел апсење на поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас, кој се криеше таму барајќи азил во Мексико.

Глас е осуден криминалец и бегалец, а уште од декември се криеше во Амбасадата на Мексико во Еквадор. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан