• четврток, 19 декември 2024

Мексиканската полиција го растера конвојот мигранти што се упати кон САД

Мексиканската полиција го растера конвојот мигранти што се упати кон САД
Мексико Сити, 6 септември 2021 (МИА) - Мексиканската полиција го растера карванот од околу 400 мигранти од Централна Америка, кои се упатија со надеж дека ќе ја преминат границата со Соединетите Американски Држави. Полицијата ја пресретна толпата додека се подготвуваше да го напушти градот Хуистла во јужната држава Чиапас. Мигрантите беа главно од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити и Венецуела. Полицијата ги блокираше улиците по кои мигрантите сакаа да го напуштат градот до автопатот што води на север. За време на акцијата беа уапсени неколку лица, но повеќето мигранти избегаа. Од своја страна, полицијата го блокираше и автопатот за да спречи карванот повторно да се формира. Според полициски извор, околу 80 лица се уапсени и се пред депортација. За време на операцијата имало мали судири, при што бил ранет припадник на Националната гарда. Како и претходните мигрантски конвои, и овој се упати на север од мексиканскиот град Тапачула на границата со Гватемала. паг/  

Остани поврзан