• сабота, 23 ноември 2024

Меконел: Трамп мора да побара истрага за неправилности на изборите

Меконел: Трамп мора да побара истрага за неправилности на изборите
Вашингтон, 10 ноември 2020 (МИА) - Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел изјави дека претседателот Доналд Трамп мора да побара истрага дали имало „неправилности“ на претседателските избори минатата недела. Во говорот во Сенатот, Меконел не ги призна Џо Бајден за избран претседател и Камала Харис за избран заменик претседател. - Претседателот Трамп има стопроцентно право да ги испита наводите за неправилности и законски опции, рече Меконел. Републиканскиот лидер во Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, Кевин Мекарти во неделата за Фокс њуз изјави дека треба да се слушнат сите правни аргументи пред Американците да одлучат „кој ја добил трката“. паг/  

Остани поврзан