• петок, 05 јули 2024

Медиуми: Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина

Медиуми: Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина

Москва, 1 декември 2023 (МИА) - Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус.

Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова.

Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан