• петок, 05 декември 2025

Медиуми: Најдобриот фудбалер на Лион пред трансфер во Манчестер сити

Медиуми: Најдобриот фудбалер на Лион пред трансфер во Манчестер сити

 

Лондон, 2 јуни 2025 (МИА) – Најдобриот играч на францускиот прволигаш Лион, 21-годишниот Рајан Черки, би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објавија денеска британските медиуми.

Играчот од средниот ред на Лион одлично се снајде оваа сезона, запишувајќи 12 голови и 20 асистенции, што резултираше и со дебитантски повик од францускиот селектор Дидие Дешан за завршниот турнир во Лигата на нации. Франција во полуфиналето на 5 јуни ќе игра против Шпанија, а ден претходно за место во финалето ќе се борат Германија и Португалија.

Черки потекнува од младинската академија на Лион, а неговиот договор со францускиот клуб истекува во јуни следната година.

Според британските медиуми, Манчестер сити за трансферот на Черки ќе треба да му плати на Лион околу 40 милиони евра отштета.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан