• понеделник, 23 декември 2024

Медиуми: Израелски тенкови ја преминаа границата со Сирија првпат по 50 години

Медиуми:  Израелски тенкови ја преминаа границата со Сирија првпат по 50 години

Тел Авив, 8 декември 2024 (МИА) - Израелски тенкови денеска првпат по 50 години ја преминаа оградата на границата со Сирија, јавува израелскиот весник „Маарив“.

Според извештаите, целта на израелската војска е да ги спречи сириските вооружени сили, како и цивили, без разлика дали станува збор за бунтовници или поддржувачи на претседателот Башар ал Асад, да се доближат до израелските позиции.

Израелскиот министер за прашања на дијаспората, Амихај Чикли, изјави дека Израел мора да воспостави нова линија на одбрана базирана на линијата на прекин на огнот од 1974 година.

Сириските опозициски сили денеска објавија дека го зазеле Дамаск, а претседателот Башар ал Асад наводно избегал од главниот град, пренесува „Ал Џазира“. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан