• петок, 05 декември 2025

Медиуми: Габриел ќе остане во Арсенал за повисока плата

Медиуми: Габриел ќе остане во Арсенал за повисока плата


Лондон, 30 мај 2025 (МИА) – Бразилскиот централен дефанзивец Габриел (27) се очекува да потпише нов договор со Арсенал што ќе му донесе и повисока плата, објавија денеска британските медиуми.
Бразилскиот интернационалец пристигна во Арсенал во летото 2020 година од Лил за 26 милиони евра, а неговиот тековен договор е до јуни 2027 година.
Габриел е меѓу најслабо платените играчи во клубот, заработувајќи околу шест милиони евра по сезона, што го поттикна богатиот саудиски Ал-Наср да му понуди трансфер во своите редови.
Според медиумите, тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака да ги задржи клучните играчи по секоја цена, а стоперскиот тандем Габриел и Вилијам Салиба е столбот на одбраната. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан