• сабота, 28 септември 2024

Медиуми; Белоти ќе потпише за Комо

Медиуми; Белоти ќе потпише за Комо


Рим, 20 јуни 2024 (МИА) – Новиот италијански фудбалски прволигаш Комо се договори со Рома за трансфер на напаѓачот Андреа Белоти, објави весникот Газета дело Спорт.
Се очекува трансферот да биде вреден пет милиони евра, а Белоти допрва треба да преговара за личните услови.
Белоти (30) изминатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Фиорентина но клубот од Фиренца објави дека нема намера да го откупи неговиот договор, откако искусниот напаѓач и поранешен италијански репрезентативец постигна само четири голови на 24 натпревари.
Комо изминатата сезона обезбеди промоција во Серија А и планира во летниот преоден рок да донесе искусни играчи за да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан