• сабота, 23 ноември 2024

Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија

Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија
Москва, 23 март 2022 (МИА) - Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна. По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на „примитивна војна“ во која Русија треба да биде „понижена, исолирана, потресена, поделена и уништена“, објави на Телеграм, пренесува ДПА. „И сега да замислиме дека Америка ќе биде успешна во оваа рунда од конфронтацијата“, продолжи Медведев. „Ова ќе биде резултатот: најголемата нуклеарна сила ќе биде под нестабилно политичко водство, со пропадната економија и максимален број нуклеарни бомби насочени кон цели во САД и Европа“.  Кина ќе биде следната жртва на САД, предвидува Медведев, „и тогаш ќе бидат само неколку кратки чекори до најголемата глобална катастрофа - колапс во снабдувањето со енергија и храна, неуспех на сите колективни безбедносни системи и набргу потоа, голема нуклеарна експлозија“. Односие меѓу Русија и САД се на најниска точка во светло на руската инвазија на Украина. САД, заедно со ЕУ и други земји, наметнаа широк спектар на санкции врз Москва.аа/

Остани поврзан