• понеделник, 23 декември 2024

Меган Фокс поднесе документи за развод

Меган Фокс поднесе документи за развод
Лос Анџелес, 27 ноември 2020 (МИА) - Неколку месеци по неформалната разделба со Брајан Остин Грин и неколку дена откако „официјално“ зачекори по црвенииот тепих со новото момче - раперот Машинган Кели, глумицата Меган Фокс конечно поднесе документи за развод од сопругот. Таа во неделата се појави со момчето на црвениот тепих на Американските музички награди, а документите за развод се поднесени завчера, во средата. Повеќе детали не се откриваат. Грин и Фокс се разделија во мај, по што двајцата во јавноста се појавуваа со други партнери - таа со раперот, а тој со 2-3 други девојки.. Фокс за Кели ќе рече - како да е „во врска со љубовен вулкан“, во една прилика, како што пренесуваат американските таблоиди. си/

Остани поврзан