Меган Маркл: Времето за бебето е луксуз во САД
- Сопругата на принцот Хари нагласува дека на луѓето им треба поддршка, особено кога првпат ќе станат родители.
Лос Анџелес, 9 февруари 2022 (МИА) - Меган Маркл гостуваше на интернет-платформата „Дилбук“ (DealBook) на „Њујорк тајмс“ каде што разговараше за теми како што се економијата, професионалноста и еднаквоста на жените. Таа особено се сосредоточи на темата за платено породилно отсуство за кое неодамна напиша и отворено писмо до Конгресот на САД.
- И кога мојот живот и мојот начин на живот беа поинакви, се залагав за она што е правилно. Не бев во Америка долго време, живеев во Канада седум години, а потоа се преселив во Обединетото Кралство. Се вратив и станав мајка на две деца, а Америка е една од шесте земји во светот кои немаат никакво државно платено породилно отсуство... Едноставно нема смисла!, рече таа.
Сопругата на принцот Хари нагласува дека на луѓето им треба поддршка, особено кога првпат ќе станат родители.
- Имаме петмесечно бебе - ова е чувствителен период за нас. Ние имаме луксуз што воопшто го имаме тоа време со бебето, додаде таа.
Модните списанија, пак, како „Харперс базар“ додаваат дека Меган носела црн џемпер, црни панталони, ремен со потпис на Салваторе Ферагамо и црни чевли, а сѐ тоа надополнето со црвениот цвет во облик на афион со што ја одбележа Неделата на жртвите на британскиот Комонвелт во Светските војни и подоцнежните конфликти.