• петок, 22 ноември 2024

МД „Илинден“-Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

МД „Илинден“-Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

Дебар, 8 септември 2024 (МИА) - По повод 8 Септември-Денот на независноста,  македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка, посакувајќи „да е вечен овој голем ден, да го почитуваме и славиме“.

-Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“ – Тирана срдечни честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои во честитката.

Овој историски ден, се додава во честитката, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.

-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. вт/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан