• среда, 01 април 2026

МД “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“-  Подгорица

МД “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“-  Подгорица

Дебар, 1 април 2026 (МИА) - Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај и потпретседателот на  Здружението „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, Никола Ангеловски, потпишаа Меморандум за соработка.  
 
Целта, на документот потпишан во Тирана,  е заедничка промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. 
 
-Искажавме интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираме заедничките цели преку заеднички проекти и активности, информираше Ѓурѓај. 


 
Додаде дека било договорено да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.  
 
МД „Илинден“, чија мисија е заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија, веќе има воспоставено блиска соработка со асоцијации на Македонците во повеќе земји во Европа. вт/вј/ 

Фото: МД „Илинден“-Тирана

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан