• петок, 22 ноември 2024

МД „Илинден“-Тирана го поздрави приемот на МАЕИ во ЕФА

МД „Илинден“-Тирана го поздрави приемот на МАЕИ во ЕФА

Дебар, 10 март 2024 (МИА) - Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави одлуката на Генералното Собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) за прием на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за полноправна членка, оценувајќи го како  исклучително важно за партијата и за Македонците во Република Албанија. 

Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, стои во соопштението, дава поттик да биде искористена како дополнителен мотив од партијата и сите Македонци во Република Албанија. 

- Полноправното членство на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса (ЕФА) е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците во Република Албанија е чесна, праведна и остварлива. Тоа е силна порака и до политичките елити во Република Албанија, се наведува во соопштението.
 
Се посочува дека Македонско друштво „Илинден”-Тирана ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонска алијанса за европска интеграција и "заедно ја биеме битката за заштита на Македонците во Република Албанија".

Генералното собрание на ЕФА, во Брисел, на 7 март, едногласно одлучи  МАЕИ да стане полноправна членка, што партијата го оцени како  историски ден за македонското политичко движење и Македонците во Албанија. вт/дма/

Фото: Лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан