• петок, 22 ноември 2024

МВР: 173 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 173 санкционирани возачи во Скопје
Скопје, 27 март 2022 (МИА) - Полицијата во Скопје денеска спровела засилени сообраќајни контроли, при што санкционирала 173 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола.
- Денеска во периодот од 10:00 до 18:00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на град Скопје. При контролата санкционирани се 173 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 51 возачи на мотоцикли возеле без заштитна кацига, шест со истечена важност на сообраќајна дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, а одземени се седум патнички моторни возила и пет мотоцикли под сомнение за техничка исправност и неатестирани фолии (затемнети стакла), информираат од МВР.
Оттаму соопштуваат и дека при контролата санкционирани се и други 98 сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни по побезбедни патишта. сст/дма/

Остани поврзан