• понеделник, 13 јануари 2025

МВР: Седумдесет и пет санкции за брзо возење во Кратово и Крива Паланка

МВР: Седумдесет и пет санкции за брзо возење во Кратово и Крива Паланка
Скопје, 18 јануари 2020 (МИА) - На подрачјата на ОВР Крива Паланка и ОВР Кратово изминатиот викенд преземени се мерки и активности и констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, еден возач управувал возило пред да се стекне со право за управување на моторно возило, а тројца биле под дејство на алкохол, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека од сообраќај биле исклучени и четири возила поради непочитување на сообраќајните прописи. Санкционирани се и други 12 прекршоци.см/дма/

Тагови

Остани поврзан