• петок, 22 ноември 2024

МВР: Пронајдена жената од Македонски број која се оддалечила од домот на 1 јануари

МВР: Пронајдена жената од Македонски број која се оддалечила од домот на 1 јануари

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Полицијата денеска со хеликоптер во реонот на село Требовлје ја пронајде жителката на село Косово, Македонски Брод, за која нејзиниот брат пријави дека се оддалечила од домот на 1 јануари.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во координација со СВР Битола во реонот на село Требовлје денеска пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од село Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 01.01.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Оттаму дополнуваат дека В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар „Мајка Тереза“. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан