• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола денеска на ул.„Македонска фаланга“ во Битола го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(19) од село Канино, битолско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово утринава околу 1:40 часот на улица „107“ во Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 21:30 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 19:30 часот на ул.„Стрчин“ во Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(24) и Д.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик. Имено, С.Р. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од В, С1, С, F, G и М категорија, со негови лични податоци, и таквата возачка дозвола на 16.08.2022 ја приложил при извршена сообраќајна контрола од страна на полициски службеници на патниот правец Скопје – Велес, при што било констатирано кривичното дело.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено свлетло...  

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 109 возачи. Од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 48 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.

Р.Б.(69) од Скопје вчера во 13:25 часот во Полициската станица Чаир пријавил дека на ул.„Галичник“ бил каснат од куче скитник.

М.Ѓ.В.(34) од Скопје вчера во 15:45 часот во Полициската станица Гази Баба пријавила дека во Парк шума Гази Баба била касната од куче скитник. 

В.Ј.(64) од Прилеп вчера во 12:40 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник. вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан