• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава во 1:50 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, во близина на угостителски објект, го лишиле од слобода Б.Т.(40) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Штип вчера во 20:50 часот во Штип ги лишиле од слобода М.М.(20) и М.Ј.(28) двајцата во Штип поради тоа што во паркирано патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа во 0:40 часот во Гостивар го лишиле од слобода А.Ч.(21) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На Граничниот премин „Деве Баир“ вчера во 12:45 часот на влез во државата при извршена контрола на К.С.(56) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки, констатирано било дека меѓународната зелена карта што ја приложил била фалсификувана. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ тој бил приведен и предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Вчеравечер и ноќеска од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите што ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 15 возачи (ТЕ-11 и ГВ-4) кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, бил санкциониран и 31 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ-20 и ГВ-11).

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“вчера во 19:30 часот на излез од државата при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Ц.М.Ф (51) од Р.Италија го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил задржан и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Завчера во 17:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај село Кетеново-кратовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(39) од Кратово, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(22) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил совозачот од возилото „голф“ Б.М.(36) од Пробиштип, констатирани во Клиничката болница Штип, а со телесни повреди се здобиле Д.Н. и нејзините сопатници Н.Ѓ.(73), С.Н.(61) двајцата од Кратово и Д.З.(49) од Скопје констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Утрово во 5:50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата меѓу улиците.„Климент Охридски“ и „Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот. Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

М.Т.(79) од Скопје вчера во 12:30 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје бил каснат од куче. 

О.П.(38) од Скопје вчера во 18:20 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на улицата „Карл Либкнехт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

А.Ј.(50) од Скопје вчера во 12:00 часот во Полициската станица Чаир пријавил дека на улицата „30“ во населбата Радишани во Скопје бил каснат од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан