• четврток, 04 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) - На 24.05.2024  во 20.35 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате во гостиварски Сенокос го привеле Б.А.(45) од истото село, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од три години. Б.А. е спроведен во КПУ- Идризово во Скопје.

На 24.05.2024 во 11.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Косово, затоа што при извршена проверка констатирано било дека бил баран по телеграма од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Белановце. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за Гранични работи–Север за понатамошна постапка.

На 24.05.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“  во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

На 24.05.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Н.(53) од Скопје пријавил дека на ул. „Исаија Мажовски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 24.05.2024 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. При контролата биле санкционирани вкупно 77 пречекорувања на брзината надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-37), од кои 5 возачи (ТЕ-2 и ГВ-3) возеле со брзина од дури над 70 километри на час, а 26 (Те-13 и ГВ-13) со брзина од 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното. При контролата исто така се констатирани и санкционирани 40 други видови прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-17). На 24.05.2024 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 27 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-11 и ГВ-16). При контролата, исто така биле констатирани и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. За прекршоците  изготвени се предвидените поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 77 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас.

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2024) во времето од 08.00-14.00 часот на територија на СВР Битола изречени се 30 мерки за возење со повеќе од дозволената брзина и тоа 15 мерки надвор од населено место и 15 мерки во населено место. Исто така, во времето од 14.00-20.00 часот, на подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување при што изречени биле 23 мерки.

На 24.05.2024 во 10.50 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле Ш.Н.(32) од Штип, затоа што при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба од Основен суд Штип биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и таблети трамадол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ра/нд/

Остани поврзан