• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес. На пазарот во Велес тие се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција. Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари. Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 20:30 часот на улица „Железничка“ во Гостивар ја лишиле од слобода 46-годишната С.Ѓ. од Гостивар. Таа се сомничи дека извршила кражба во трговски објект во Гостивар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против С.Ѓ. ќе следува соодветен поднесок. 

  Полициски службеници вчера во 17:00 часот на подрачје на Центар ги лишиле од слобода К.К.(36) и А.Н.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и вага. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност вчера на улицата „5“ во Битола ги лишиле од слобода Т.Ж.(30) и Г.Ј.(31), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 15:10 часот на улица „176“ во Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот тетовец Г.З., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.  

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возач почетник, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...  

Вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место.  

Во СВР Скопје вчера во 12:07 часот било пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од село Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

А.Д.(34) од Скопје вчера во 19:20 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник. 

Во СВР Тетово вчера во 12:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К.. Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.  

В.Н.(45) од село Булачани, скопско, вчера во 10:50 часот во Полициска станица Гази Баба пријавила дека на ул.„Ташко Караџа“ била касната од куче скитник.  

Во СВР Скопје завчера во 12:30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат линеа“, управуванo од И.В.(49) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од А.А.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. вј/

Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан