• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 16 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 18:10 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје го лишиле од слобода Р.Г.(45) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица и Полициската станица за граничен надзор Михајлово денеска околу 6:10 часот го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија, од кои дел малолетници. Имено, претходно тој не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и со возилото ја скршил рампата на наплатната станица. По преземени мерки возилото било запрено, по што И.Б. се обидел да избега, но бил фатен и приведен. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 23:15 часот на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје го лишиле од слобода Е.А.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека на 14.04.2023 во 23.00 часот во село Сарај одзел патничко возило „шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.Љ.(51) од село Љубин, општина Сарај. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад, СВР Охрид и инспектори од Државниот трудов инспекторат вчера спроведоа акциска контрола во два угостителските објекти на подрачје на СВР Охрид. При контролата биле затекнати 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија, од кои пет без пријавен престој во земјава. Констатирани се неправилности и од државниот трудов инспекторат кои ќе бидат соодветно санкционирани. Странските државјанки биле предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред Судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21:20 часот на подрачје на Кисела Вода го лишиле од слобода С.Б.(28) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 7:00 часот на Граничниот премин Деве Баир го лишиле од слобода Д.А.(31) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка и против него била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Од Основен суд Крива Паланка на лицето му била изречена условна казна затвор од три месеци доколку во период од две години не изврши ново кривично дело.

Полициски службеници вчера во 15.:15 часот на Граничниот премин Деве Баир го лишиле од слобода А.Т.(52) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта. Лицето било задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Во ОВР Берово вчера околу 15:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Шушлевец“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.П.(24) од Берово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.П., додека со телесни повреди се здобил И.М. констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово.

Во СВР Скопје вчера во 11:20 часот било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(52) од Скопје, удрило во велосипед управуван од З.П.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Во СВР Штип вчера околу 14:00 часот било пријавено дека на експресен пат Штип – Кочани, Н.К.(48) од Кочани, управувајќи патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, додека со телесни повреди се здобиле возачот Н.К. и сопатничката Н.К.(37) од Кочани. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Н.П.(19) од село Мирковци, скопско, вчера околу 21:00 часот во Полициската станица Чаир пријавил дека на ул.„Бутелска“ бил каснат од куче скитник.

Н.М.(49) од Скопје вчера во 16:45 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил на ул.„Жан Жорес“ бил каснат од куче скитник.

В.П.(38) од Скопје вчера во 19:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека во село Кучково нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Х.И.(24) од Скопје вчера во 19:50 часот во Полициската станица Чаир пријавила дека на ул.„Призренска“ била касната под куче скитник.вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан