МВР билтен
- На ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, вчера во 13:50 часот полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
Скопје, 14 февруари 2026 (МИА) - На ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, вчера во 13:50 часот полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. имал ставено пари. Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Скопје, вечара ги лишија од слобода В.Ј.(45) од Скопје и С.А.(28) од Гостивар, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Во СВР Битола вчера во 18:35 е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Велес поднесе две кривични пријави против Л.Б.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени исушени растенија од видот канабис.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Е.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.01.2026 во Прилеп, пријавениот со остар предмет упатувал закани на С.С., фрлал разни предмети и му оштетил прозорец од семејниот дом.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 10:10 часот го лишиле од слобода П.Ј.(33) од Росоман. Тој се сомничи дека од нива во село Крушевица, општина Росоман, со подесен алат одзел фотоволтаични панели. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. П.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во ОВР Кавадарци, 28-годишна кавадарчанка вчера пријавила дека била измамена од едно женско лице од Кавадарци за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ предложило да започнат сопствен бизнис, за што парите ги дала лично на рака, но договореното не било реализирано. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и „овозможување употреба на наркотични дроги“. При извршени контроли на улицата „Дебарски Конгрес“ во Дебар,, полициски службеници од ОВР Дебар го затекнале пријавениот како на лице од Струга му дава марихуана, по што веднаш двајцата биле лишени од слобода.
Во СВР Скопје, М.А.(26) од с.Трсино, виничко, вчера во 22 часот пријави дека околу 12:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, Т.М.(64) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, А.А. агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Вчера во 18:52 часот во СВР Скопје, М.Н.Ц.(25), со престој во село Долно Лисиче, скопско, пријави дека околу 18:30 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од 52-годишната Л.Л. од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во Полициска станица Кисела Вода на 12 февруари 2026 во 18:30 часот извршен е службен разговор со 44-годишна жена од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со тврд предмет го нападнала нејзиниот 16-годишен син. По целосно расчистување на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Во СВР Скопје на 12 февруари 2026 во 12:10 часот е пријавено дека подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу А.С.(35) и 14-годишен малолетник од една страна и М.И.(50), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 17:56 часот во СВР Скопје, М.С.(20) од Скопје пријави дека околу 16:50 часот во автобус на ЈСП, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.А., кој го познавала. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот во село Трубарево, скопско, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска 9 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 6 часот во установата, при извршен претрес, во ходник била пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, О.А.(31) од село Сарај, скопско, ноќеска во 1:30 часот пријави дека на два часа претходно во 23:20 часот пред сместувачки објект на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, додека бил со неговата девојак, две лица му се доближиле, по што едно од лицата физички го нападнало и му се заканило и со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бк/