• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 февруари 2023 (МИА) - На 24.02.2023 во 14.20 часот, од полициски службеници од СВР Штип бил лишен од слобода И.В.(34) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На  24.02.2023 во 09.20 часот на Граничниот премин Белановце, на влез во РСМ, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ј.(65), возач,  и Е.Р.(38), совозач,  двајцата од Р.Албанија, кои биле со патничко моторно возило “пежо“ со албански национални ознаки. Имено, при вршење на пасошка контрола Е.Р. дошол до кабината каде на полициски службеник му дал патни исправи и зелен картон. При проверка на документите, полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена една банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон. Е.Р. веднаш бил лишен од слобода. При извршен преглед на моторното возило било пронајдена и марихуана и една дробилица. Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.358 и чл.215 од КЗ на РСМ  Е.Р. и Г.Ј. се лишени од слобода. Известен бил Јавен обвинител и тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка односно за поднесување соодветна кривична пријава.  

 

На 24.02.2023 во 20.20 часот било пријавено дека во с.Черкези-кумановско настанал пожар во столарска работилница сопственост на Д.М. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица-Куманово. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

 

На 24.02.2023 во  07.55 часот било пријавено дека на влезот од црквата „Св.Јован“ на територија на општина Карпош, бил пронајден починат С.С.(57) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

 

На 24.02.2023 во 09.50 часот З.Т.(59) од с.Дражево-струмичко пријавил дека на 23.02.2023 околу 17.00 часот во с.Дражево бил физички нападнат со тврд предмет од Б.Н. Се работи на расчистување на случајот.     

 

На 25.02.2023 во 00.10 часот Н.В.(30) од Скопје пријавил дека на 24.02.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Во текот на изминатата вечер (24/25.02.2023) во периодот од 22.00 до 02.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 27 возачи.За време на контролата санкционирани се и 39 останати прекршоци.

 

На 25.02.2023 во 02.00 часот пред казино на подрачјето на Центар бил приведен Д.М.(30) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 25.02.2023 во 04.00 часот Г.А.А.(48) од Скопје, пријавил дека околу 02.00 часот во казино на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице од обезбедувањето. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 24.02.2023 во 18.00 часот во Полициско одделение Шуто Оризари И.Е.(48) од Скопје пријавила дека дома се вратила Е.Р.(14), која ѝ е доделена од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи-Скопје на чување како згрижувач, а за која на 22.02.2023 пријавила дека се оддалечила од домот. 

 

На 24.02.2023 околу 15.30 часот од полициски службеници од Полициската станица Центар бил лишен од слобода М.П.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот ден заедно со уште две лица извршиле кривично дело разбојничка кражба во бутик, од каде одзеле производи. По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазр ќе следи соодветен поднесок.

 

На 25.02.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле лишени од слобода А.Б.(23) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради тоа што на 24.02.2023 на бул.“Крсте Мисирков“ извршиле кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило “шкода“ со турски национални ознаки, сопственост на А.К.(55) од Р.Турција. и од возилото одзеле предмети. Со пријавените бил извршен службен разговор, а пронајдени биле предметите кои биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе следи соодветен поднесок. 

 

На 24.02.2023 во 10.17 часот Д.М.(31) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Б.Л.(24) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

  

На 24.02.2023 во 20.15 часот Г.Г.(54) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во претпријатие на ул.“16-та Македонска бригада“ бил физички нападнат од Г.С. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 24.02.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во фирма  две лица со закана од вработениот одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.02.2023 во 12.10 часот во Полициската станица Драчево Д.И.(72) од Скопје пријавил дека на ул.“Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.

 

На 24.02.2023 околу 22.30 часот Ќ.Ш.(69) од с.Пршовце-тетовско пријавил дека на 23.02.2023 околу 23.20 часот во двор бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице кое му одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.02.2023 во 09.00 часот, во СВР Охрид бил лишен од слобода С.Т.(44) од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле и одзеле остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.02.2023 од 14.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници санкционирале 33  возачи на моторни возила кои, на непрегледни места ипоставен сообраќаен знак за забрането престигнување, извршиле  престигнување на други возила (Охрид-18, Струга-04, Кичево-04, Дебар-07).

 

На 25.02.2023 околу 03 часот на територија на Карпош Е.М.(34) од Скопје нападнал полициски службеник, по што се дал во бегство. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.На 24.02.2023 во 18.45 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, Ф.Р.(35)  од селото Горно Строгомиште, пријавила дека нејзиниот малолетен внук, на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.

 

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(56) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки што го управувал пријавениот и притоа, констатирале дека тој врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган во согласно Законот за превоз во патниот сообраќај.

 

На 24.02.2023 во 16.15 часот С.К.(19) од Битола пријавил дека околу 12.20 часот пред угостителски објект во Битола бил физички нападнат од И.С.(31) од с.Радобор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

На 24.02.2023 во 12.50 часот од угостителски објект во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода И.С.(31) од с.Радобор поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

На 24.02.2023 во 01.25 часот С.Р.(34) од с.Радање-општина Карбинци пријавил дека на 23.02.2023 околу 23.30 часот во с.Радање бил физички нападнат од К.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.бт/

 

Тагови

Остани поврзан