• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Полициски службеници завчера ги лишиле од слобода Б.П., на возраст од 24 години од Валандово, како и Р.Ј. и З.П., на возраст од 24 и 34 години од Струмица.

При претрес на домот во Струмица, каде престојувал Б.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени кеси со бела прашкаста материја, кеса со марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Претходно, пред домот каде престојува Б.П., заедно со Р.Ј. и З.П. биле затекнати при купопродажба на дрога. При преглед кај Р.Ј. била пронајдена марихуана, а З.П. побегнал од местото, но, подоцна бил пронајден од страна на полициски службеници. Б.П., Р.Ј. и З.П. се задржани во полициската станица - Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници од СВР - Струмица во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода Д.К., на возраст од 35 години од овој град.

При претрес на неговиот дом во Струмица, извршен со судска наредба, биле пронајдени полиетиленски пакувања и тегла со зелена растителна материја, семки и дигитална вага. Д.К. бил задржан во полициската станица - Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.П., на возраст од 27 години од Гевгелија.

При претрес на неговиот дом во Гевгелија, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела грутчеста материја, растителна материја, дигитална вага и дробилка. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Гевгелија, а по документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Н., на возраст од 24 години од село Бучим, радовишко.

Тој бил баран по потерница поради бегство од „Затвор - Струмица“, каде издржувал затворска казна во траење од седум месеци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Лицето имало за доиздржување еден месец и три дена. Е.Н. е спроведен во КПУ „Затвор - Струмица“ за доиздржување на казната.

На 01.01.2025 во СВР - Тетово, 58-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен за 200.000 евра од Е.И.Ј., на возраст од 47 години од Нигерија, Б.А., 45-годишно лице и Л.Ј., двајцата од Литванија, кои ги запознал преку Љ.С., на возраст од 58 години од липковско село, а во врска со изградба на фотоволтаици.

Според пријавеното, оштетениот уплатил 200.000 евра во текот на 2023 година, и тоа во Хрватска, Шпанија и Германија, со договор дека и тие ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција. Но, тие не ги вложиле парите, а откако ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 1:40 часот во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И., на возраст од 26 години од овој град, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, по претходна судска наредба, пронајдени биле и одземени марихуана, пари и мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 17:25 часот во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Ѓ., 30-годишно лице од овој град, по претходна судска наредба, при што биле пронајдени и одземени 15 парчиња боева муниција со калибар 6,35 мм.

Во врска со настанот, од слобода бил лишен Г.Ѓ., на 57-годишна возраст од Кочани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Завчера во 18:45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Кичево, лишен од слобода е А.Л., на возраст од 59 години од овој град.

При претрес во неговиот дом, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР - Кичево пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Денеска во три часот во СВР - Скопје, Л.Г., 49-годишен скопјанец, пријавил дека околу 00:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиното поранешно момче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19:30 часот во СВР - Скопје, М.А., 40-годишна скопјанка, пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, со тврд предмет била физички нападната од Ф.„Н“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16 часот во СВР - Скопје, И.Д., 29-годишна скопјанка, пријавила дека околу 14:20 часот на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата каде имало пари, документи и лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 14 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во село Јурумлери, скопско, по претходно недоразбирање околу паркирани возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(32), А.Д.(27), С.М.(47) и И.М.(26).

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 17:30 часот во СВР - Скопје, 22-годишен скопјанец пријавил дека околу 12 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка Б.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Н.Ј., 83-годишен скопјанец.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.

Денеска во 00:30 часот во СВР - Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека претходниот ден околу 13 часот, во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот малолетен партнер и неговата сестра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 22:20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г., на возраст од 47 години од Скопје, по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14:45 часот во СВР - Скопје, пријавено било дека во село Идризово, скопско, на место викано „Наово“, настанал пожар во викендица.

Таа била сопственост на И.Г., 84-годишно лице од Скопје. Од пожарот зафатени биле и соседните дворови, сопственост на В.М., 52-годишно лице и Р.М., на 73-годишна возраст. Од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан