• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 15 јануари 2023 (МИА) – На 14.01.2023 во 17.00 часот на ул.„Решад Џафери“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот во неговиот угостителски објект на Бит Пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22), кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот,  Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.  На 15.01.2023 во 02.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козле“, поради недоразбирање во сообраќајот, М.М.(54) од Скопје бил повреден со остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 23.10 часот во угостителски објект на ул.„Народен Фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода З.Т.(21) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 15.01.2023 во 01.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.К.(49) од Велес затоа што го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 15.01.2023 во 05.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.(21) од Струмица затоа што околу 04.30 часот на крстосница од ул.„Киро Абрашев“ со ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица со остар предмет му нанел повреда на Ј.К.(29) од Струмица. По целосно докумеnтирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 15.01.2023 во 00.45 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје затоа што физички нападнал малолетник од Скопје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 15.01.2023 во 01.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево, затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенчана сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.01.2023 во14.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци со повреди била донесена Р.К.(59) од Росоман. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи за фирма во Росоман. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 околу 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди била донесена М.Џ.(37) од Шуто Оризари – Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите додека извршувала работни задачи во фирма во фирма во населба Влае. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во круг на фирма во Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица. Според пријавеното, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на семејството.На 15.01.2023 во 03.40 часот во СВР Охрид, Ѓ.М.(41) од Охрид пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид бил физички нападнат од М.Т. од с.Пештани. Се преземаат мерки за расчистување нас лучајот.        На 14.01.2023 во 23.30 часот во СВР Велес, Е.З.(21) од Велес пријави дека околу 20.15 часот на ул.„8 Септември“ бил физички нападнат од Б.Х.(25) од Велес. На 15.01.2023 во 03.45 часот, Б.Х. пријавил дека бил физички нападнат од Е.З., по што му возвратил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 15.01.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Драчево, С.Ј.(23) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 00.20 часот на ул.„Бистра“ бил физички нападнат од Б.Ј.(25) и Ф.Ј.(21), двајцата од Скопје. се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 11.00 часот во СВР Битола, П.Г.(59) од Битола пријавил дека околу 10.00 часот во „Новиот Пазар“ на ул.„Васко Карангелевски“ бил физички нападнат од Б.А. од Битола. Се работи на расчистување на случајот,На 14.01.2023 во 10.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Е.(47) од Пробиштип пријавил дека околу 09.15 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 15.01.2023 во 00.25 часот во Полициската станица Дебар, А,Х,(26) од Дебар пријавила дека на 14.01.2023 околу 23.50 часот била физички нападната од А.Х. од Дебар. Се работи на расчистување на случајот.  На 14.01.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино, Н.К.(19) од с.Долни Дисан пријавил дека околу 03.00 часот, по кратка расправија, бил физички нападнат од Д.Н.. Се работи на расчистување на случајот.  На 14.01.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, Н.П.(42) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на ул.„Козара“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Б.(59) од Скопје пријавил дека на 13.01.2023 во 18.00 часот на бул.„АСНОМ“, на кеј на река Вардар, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ едно лице физички ја нападнало и барало пари, но не ѝ одзело ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 12.00 часот во СВР Струмица, В.С.(52) од Струмица пријавил дека на ул.„5 Ноември“ бил каснат од куче скитник.На 14.01.2023 во 20.30 часот во СВР Охрид, Ш.А.(39) од село Броштица, општина Центар Жупа, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Л.А.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.бт/

Остани поврзан