• недела, 22 декември 2024

МВР: Акциска сообраќајна контрола, 61 санкција, 14 возила упатени на вонреден технички преглед

МВР: Акциска сообраќајна контрола, 61 санкција, 14 возила упатени на вонреден технички преглед
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. Како што соопшти МВР, при контролата, санкционирани се 61 возач. Од нив, 14 санкции се поради непоседување лекарско уверение, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење без возачка дозвола, а 14 возила се упатени на вонреден технички преглед.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. нд/

Остани поврзан