• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - На 15.11.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Д.(21) и Д.Р.(27), двајцата од Прилеп. При претрес во домот и други помошни простории на Д.Д., извршен со судска наредба, бил затекнат Д.Р. и кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 15.11.2022 во 20.30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода М.А.(34) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка - карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум  и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го  лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје. Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми. Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.11.2022 во 14.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.А.(33) од Кавадарци и К.А.(20) од Струмица затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.11.2022 во ОВР Демир Хисар, од Јавна здравствена установа Психијатриска болница- Демир Хисар било пријавено дека при контрола на пратка наменета за 20-годишен пациент од Охрид биле пронајдени марихуана и една таблета. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.11.2022 во 14.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Едницата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.К.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   На 15.11.2022 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.У.Т.(33) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.11.2022 во 16.25 часот на Граничниот премин Блато, полициски службеници го лишиле од слобода Т.И.(42) од Република Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ издадена од Интерпол-Република Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.11.2022) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 11 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 50 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила... На 15.11.2022 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците, во која вкупно биле откриени и санкционирани 54 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-28). Најголемиот број од прекршоците (48) се однесувале на преминување надвор од обележани премини (ТЕ-20 и ГВ-28), а 6 (ТЕ) на непочитување на светлосни сообраќајни знаци. На прекршителите изготвени им се поднесоци. Покрај тоа, тие ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука. При контролата, исто така, биле санкционирани и 11 други видови прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-2). На 15.11.2022 во перидоот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 36 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. На 15.11.2022 во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 35 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 14 останати прекршоци. На 15.11.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, Ф.Ф.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Петков-Мисирков“ бил каснат од куче скитник. На 15.11.2022 во 17.15 часот во Полициската станица Аеродром, А.М.(54) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник. На 15.11.2022 во 13.50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ш.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. дма/  

Остани поврзан