• четврток, 19 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА)Денеска (15.10.2022) во 09.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи и ЕВР Аеродром и Драчево – Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Ф.К. (31) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница со наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.На 14.10.2022 во 10.20 часот во с. Неготино, гостиварско, лишени од слобода се тројца малолетници од с.Сенокос, гостиварско. Тие се сомничат дека во текот на денот во с.Сенокос одзеле патничко возило „опел вектра“, сопственост на И.Б. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 14.10.2022 во 19.50 часот во с. Неготино, гостиварско, од слобода бил лишен Т.В.(36) од с.Неготино. При извршен претрес по судска наредба во неговиот дом била пронајдена и одземена автоматска пушка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Денеска (15.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, приведени се две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници. Затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00.00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација. За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.На 14.10.2022 во 16.45 часот на ул.„ Народни Херои“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  С.Т.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 14.10.2022 во 21.50 час на ул„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.С.(22), А.М.(24) и А.П.(21), сите од Прилеп. При претрес во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 14.10.2022 во 19.00 часот од ул„Борка Талески“ во Прилеп,  полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Скопје.  При преглед во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 14.10.2022 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.По добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за некористење сигурносен појас...Во текот на изминатата вечер (14/15.10.2022)во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирано е дека 17 возачи управувале возила под дејство на алкохол. Исто така, санкционирани се и 31 останати прекршоци.На 14.10.2022 во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 12 возачи. За време на контролата биле санкционирани и  9 останати прекршоци. На 14.10.2022 во 13.25 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека  на магистрален пат Кичево-Гостивар, кај с.Колари, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кичевски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од Р.Р.(53) од Кичево, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(61) од с.Колари и товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од с.Галичани, прилепско. Во несреќата со со тешки телесни поведи се здобиле Е.З.С.(32) и малолетник од с.Колари,сопатници во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.Ј. и Ф.С.(63) и малолетничка од с.Колари, сопатници во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Кичево.  Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.На 14.10.2022 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, патничко возило  „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, упраувано од А.М.(34) од с.Батинци, скопско, удрило во пешакот П.Б.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.На 14.10.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Миле Поп  Јорданов“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.Б.(40) државјанка на С.Р.Германија, со привремен престој во Скопје, удрило во пешакот Ѓ.К.(82 ) од Скопје. Во несреќата Ѓ.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.На 14.10.2022 во 16.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.К.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишко“ била касната од куче скитник.На 14.10.2022 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.А.М.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишко“ била касната од куче скитник. сст/
 
 
 

Остани поврзан