• четврток, 04 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 25 март 2021 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден СВР Штип спроведе засилена акциска конттрола во областа на сообраќајот, при што изречени се вкупно 82 мерки, меѓу кои 15 за управување со возила со брзина поголема од дозволената, 12 без возачка дозвола, две санкции за нерегистрирани возила, една за  управување со возило под дејство на алкохол, десет за некористење безбедносен појас, девет за непрописно паркирање, пет за недавање предност на минување и 28 прекршоци за пешаците.  На 24 март на подрачјето на СВР Охрид реализирани се мерки во однос на прекршоците кои ги чинат пешаците во сообраќајот. Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа вкупно 45 прекршоци (Охрид-седум, Струга-16, Кичево-12, Дебар-десет). Дополнително, санкционирани се девет возачи на патнички автомобили кои непрописно ги паркирале своите возила (Охрид-пет, Струга-четири). На подрачјето на СВР Тетово во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола со која биле опфатени пешаците како учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени и соодветно санкционирани вкупно 43 прекршоци (Тетово-36 и Гостивар-седум). Покрај ова, санкционирани биле и 55 други видови прекршоци (Тетово-32 и Гостивар-23). СВР Тетово продолжи и со активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето, при што во Тетово биле санкционирани и од пајак-службата подигнати 12 непрописно паркирани возила, а во Гостивар четири возила. Во текот на денешниот ден, околу 10:30 часот на улица „Боро Вулуќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Д.(48) од Тетово и Р.Н,(48) од тетовско Јажинце. При извршен преглед кај нив бил пронајден хероин, што О.Д. го продавал на Р.Н. Приведените се задржани во Полициска станица Тетово, а по соодветно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци. На 24 март во 23:40 часот полициски службеници од Полициска станица Сопот во село Лојане, го пронашле  А.Р., повреден мигрант од Авганистан. Според негово кажување, тој со повредите се здобил откако бил физички нападнат на територијата на Република Србија. Лицето е пренесено во Општа болница Куманово за укажување на понатамошна лекарска помош. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против Д.Ѓ.(35) од село Старо Нагоричане, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 22 март во 00:20 часот на регионалниот пат кај место викано „Мездра“ во Свети Николе, Д.Ѓ. бил забележан како се движи со патничко возило „опел“ и при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека не поседувал дозвола за движење за време на мерката, со која се забранува движење во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден во СВР Куманово бил приведен М.С.(45) од Куманово, бидејќи околу 12:30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово, управувајќи со патничко возило „Пасат“, удрил во полициски службеник од СВР Куманово кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. СВР Велес поднесе кривична пријава против И.П.(46) од Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22 март во 22:00 часот, во близина на наплатна рампа „Отовица“ од полициски службеници бил лишен од слобода И.П., бидејќи бил затекнат околу 22:20 часот на наплатната станица на автопат Велес – Скопје, со што не ја испочитувал мерката со која се забранува движење во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19. ки/дма/

Остани поврзан