• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 6 ноември 2022 (МИА) - СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Р.(26) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, за време на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа во Штип, во текот на март 2021 година набавил хероин, кој подоцна бил пронајден. Вчера во 22 часот Е.Е.(38) од Прилеп пријавил дека околу 19 часот во Прилеп бил физички нападнат од Д.К.. Се работи на расчистување на случајот. Во СВР Куманово вчера во 11:55 часот било пријавено дека во Општата болница во Куманово со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(57) од Куманово. Според пријавеното, тој се повредил при извршување работни задачи во јавно претпријатие во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. На 06.11.2022 во 02:50 часот Б.Ј.(22) од село Ораовица пријавил дека околу 02:15 часот во Радовиш, по претходна расправија, тој и С.Ј. од истото село биле физички нападнати од две лица. Се работи на расчистување на случајот. На 05.11.2022 во 12:30 часот Д.П.(58) од Прилеп пријавил дека во периодот од 23.10.2022 до 05.11.2022 на место викано „Поводеници“ во Прилеп настанал пожар во викенд куќа, сопственост на неговата сопруга, при што изгорела покуќнината. Извршен бил увид од Полициската станица Прилеп. На 06.11.2022 во 04:40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, кај место викано „Кортелов Мост“, атар на с.Ратево, беровско, Б.Г.(21) од село Ратево, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со беровски регистарски ознаки, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал возачот. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Берово. На 06.11.2022 во 01:40 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош, пред угостителски објект, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка  пресметка помеѓу М.Ѓ.(27) и Ф.Ѓ.(22), двајцата од село Блатец, виничко, од една страна и П.Ѓ.(27) од Пехчево, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Вчера во 09:05 часот Ч.П.(61) од Куманово пријавил дека во Куманово бил физички нападнат од С.С.(59) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. На 05.11.2022 во 21:45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(36) од Тетово удрило во пешакот Т.Х.(62) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар. На 05.11.2022 во 23:45 часот С.И.(61) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Маџари, по претходно случена сообраќајна незгода, неговиот внук бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. На 05.11.2022 во 11:30 часот Д.Л.(38) од Виница пријавил дека околу 00:40 часот во угостителски објект во Виница бил физички нападнат од Д.Н.. Се работи на расчистување на случајот. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против П.Д.(52) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во текот на април 2022 година, полициски службеници извршиле претрес во семејниот дом на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, како и семки и гранки од растението канабис. На 05.11.2022 во 09:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај село Врбјани, патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(42) од Кичево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К.(42) од Кичево, а Б.К. и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. На 04/05.11.2022 било пријавено дека на патот Велес–Градско, во непосредна близина на старата наплатна станица, било извршено оштетување на оптички кабел за телекомуникациски услуги. Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 05.11.2022 во 20 часот во СВР Скопје, Е.И. (48) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила Е.Р.(13), која од страна на Меѓуопштински центар за социјални работи ѝ била доделена на чување, а која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 05.11.2022 во 11:10 часот А.В.(39) од с. Марино, скопско, пријавила дека околу 01 часот во село Марино, по претходни недоразбирања, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од шест малолетници од истото село. Се работи на расчистување на случајот. На 05.11.2022 во 16:45 часот Џ.Ј.(67) од с. Канатларци пријавил дека околу 15 часот пред село Канатларци бил физички нападнат со тврд предмет од И.Н. од истото село. Се работи на расчистување на случајот. свс/сп/

Остани поврзан