• недела, 22 декември 2024

Мбапе ќе добие 90 милиони евра од ПСЖ доколку не го напушти клубот на лето

Мбапе ќе добие 90 милиони евра од ПСЖ доколку не го напушти клубот на лето

Париз, 24 мај 2023 (МИА) - Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе добие бонус од 90 милиони евра доколку не го напушти клубот ова лето, објави RMC Sport.

 

Дваесет и четиригодишниот Французин е незадоволен од начинот на кој клубот настапи на пазарот минатото лето. Ова се однесува на оние кои дојдоа во тимот, и оние кои го напуштија. Мбапе го изнервира и тоа што ПСЖ не му го исплати бонусот пред почетокот на сезоната.

 

Претходно се дозна дека напаѓачот нема да ја искористи опцијата што му овозможува да го продолжи договорот со парижаните до крајот на јуни 2025 година. Можноста за активирање на оваа опција ќе остане кај играчот до крајот на јули 2023 година.

 

Мбапе е во ПСЖ од август 2017 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна 40 гола и девет асистенции на 41 натпревар за тимот во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан