• недела, 29 септември 2024

Мбапе: Таков е живот, ние дадовме максимум, честитки до Баерн

Мбапе: Таков е живот, ние дадовме максимум, честитки до Баерн
Париз, 24 август 2020 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, изрази разочарување по поразот од Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Тој воедно му ја честита титулата евроpспки шампион на баварскиот тим. - Жално е што не успеавме да ја завршиме сезоната со главната награда, но тоа е животот. Ја дадовме сета своја сила. Честитки до Баерн Минхен. И ви благодарам многу за поддршката, напиша Мбапе на социјалните мрежи. Баерн синоќа во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон со 1:0 го совлада ПСЖ. зс/

Остани поврзан