Мбапе пуштен од болницата во Мајами
- Шпанскиот клуб Реал Мадрид објави денеска дека нивниот напаѓач, францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, е отпуштен од болница во Мајами, откако беше хоспитализиран во четвртокот поради гастроентеритис со кој се здоби на Светското клупско првенство што се одржува во САД.
Мајами, 20 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот клуб Реал Мадрид објави денеска дека нивниот напаѓач, францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, е отпуштен од болница во Мајами, откако беше хоспитализиран во четвртокот поради гастроентеритис со кој се здоби на Светското клупско првенство што се одржува во САД.
„Нашиот играч Килијан Мбапе е отпуштен од болница и се врати во тренинг кампот. Мбапе ќе продолжи со посебен медицински третман и постепено ќе се враќа на тимските активности“, објави Реал.
Мбапе беше изолиран од остатокот од тимот во вторникот поради гастроентеритис и не играше на натпреварот од првото коло против Ал-Хилал во средата.ег
ФОТО: ЕПА