• понеделник, 01 јули 2024

Мбапе: ПСЖ влезе во историјата на француското првенство, никој не го освоил почесто трофејот

Мбапе: ПСЖ влезе во историјата на француското првенство, никој не го освоил почесто трофејот
Париз, 9 јуни 2022 (МИА) – Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе изјави дека отсекогаш сакал да влезе во историјата на клубот. Напаѓачот на парижаните ова го изјави оценувајќи ја минатата сезона. - Се сеќавам на натпреварите, победите извојувани во финишот кои ни помогнаа да го освоиме трофејот во првенството. Тие ни овозможија да го зголемиме водството во текот на првенството. И иако на почетокот на сезоната немаше многу играчи кои настапуваат за националните тимови успеавме да создадеме нешто, а не знаевме дека сценариото ќе биде вакво. Ова ни овозможи брзо да ја земеме под контрола ситуацијата во првенството. Секогаш сме зборувале дека сакаме да го запишеме ПСЖ во историјата. Сега успеавме да влеземе во историјата на францускиот шампионат - ниту еден тим не го освоил повеќе од нас. Задоволни сме од ова ново достигнување. Ова е важен момент во историјата на ПСЖ, изјави францускиот напаѓачот. ПСЖ го освои шампионатот во Лига 1 по 10-ти пат и го повтори рекордот на Сент Етјен. зс/

Остани поврзан