• среда, 03 јули 2024

Мајнц го одложи шампионското славје на Баерн

Мајнц го одложи шампионското славје на Баерн
Берлин, 24 април 2021 (МИА) - Фудбалерите на Мајнц неочекувано забележаа попладнево победа на домашен терен од 2:1 над Баерн Минхен и со тоа ја одложија шампионската промоција на „Баварците“, кои со победа веќе денеска можеа да ја прослават деветтата последователна шампионска титула на три кола до крајот на германското првенство. Мајнц дојде во водство во третата минута преку Буркарт, а Кваисон (37) зголеми на 2:0. На Баерн не му беше од помош ниту враќањето по повредата на Роберт Левандовски, кој во судиското продолжение само го намали поразот на водечкиот тим во Бундес лигата. Баерн (71) остана на десет бодови предност пред Лајпциг (61), кој утре на домашен терен игра против Штутгарт. ег/ми/  

Остани поврзан