• петок, 22 ноември 2024

Мајкрософт најави нови компјутери со чипови со вештачка интелигенција од Квалком

Мајкрософт најави нови компјутери со чипови со вештачка интелигенција од Квалком

Вашингтон, 21 мај 2024 (МИА) - Американската технолошка корпорација Мајкрософт објави дека наскоро ќе пушти во продажба нови компјутери со напредни чипови од компанијата Квалком (Qualcomm) кои се дизајнирани да извршуваат функции на вештачка интелигенција без брзо празнење на батеријата.

-Во прашање се чиповите Snapdragon кои ќе им овозможат на корисниците да извршуваат некои задачи со вештачка интелигенција дури и без интернет конекција и да го користат моделот на Мајкрософт со вештачка интелигенција Copilot.

Меѓу другото, компјутерите ќе можат да препорачуваат одговори на дојдовните пораки, да предлагаат промена на поставките, па дури и да разговараат со луѓето за тоа што е моментално на екранот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан