• сабота, 23 ноември 2024

„Мајкрософт“ најави можности за игри на „Тимс“

„Мајкрософт“ најави можности за игри на „Тимс“
Стокхолм, 15 јуни 2022 (МИА) - „Мајкрософт“ работи на тоа да ги направи и видеоигрите достапни преку својата услуга „Мајкрософт тимс“. Според извори блиски до компанијата, таму почнале со тестирање игри како „Солитер“, „Конеклт 4“ и „Вордамент“ во рамките на платформата за интернет-комуникација. Јасно е дека игрите како „Хало“ и „Форца“ нема да може да се играат преку „Тимс“ засега, но потегот на „Мајкрософт“ јасно покажува дека се обидуваат да го подобрат користењето на оваа програма. Покрај деловната комуникација, целта е да се понуди и забава, односно да се урамнотежат потребите од далечинско работење. Засега се тестираат само едноставни „кажуал гејмс“ игри, па и не е сигурно дека ќе им биде понудена интеграција на корисниците. Засега нема официјален коментар од компанијата. Дополнително, „Мајкрософт“ размислува за виртуелен простор во „Тимс“ како дел од евентуален метаверзум, а претходно беа објавени и новитети за 3-Д аватари и неколку други нови искуства. Компанијата континуирано додава новитети во далечинското работење.  си/

Остани поврзан