• понеделник, 04 ноември 2024

„Мајкрософт“ доделува џојстикови со мирис на пица

„Мајкрософт“ доделува џојстикови со мирис на пица

Њујорк, 26 јули 2023 (МИА) - „Мајкрософт“ честопати знае да ги изненади своите корисници со новости и соработки поврзани со својата „Икс-бокс“ конзола, а овој пат партнер на технолошката компанија е филмското студио „Парамаунт“.

Станува збор за соработка со цел промовирање на претстојниот филм „Нинџа-желки: Хаос на мутантите“ (Teenage Mutant Ninja Turtles: Mutant Mahem). Во сѐ тоа, „Мајкрософт“ има удел и со ограничен број џојстикови за конзолата „Икс-бокс“ коишто мирисаат на пица. Нема можност за купување на ваков џојстик, но има наградна игра и извлекување, па за да се учествува, треба да се следи „Икс-бокс гејм пас“ профилот на социјалната мрежа „X“ (Твитер), како и да се сподели објавата најдоцна до 13 август.

Се работи за четири различни дизајни посветени на четирите „нинџа-желки“ - Леонардо, Микеланџело, Донатело и Рафаело. Освен вградениот распрскувач за вештачки мирис и обликот на „ТМНТ“, ова е стандарден џојстик за видеоигри.

Оние кои сакаат само да го пробаат џојстикот, можноста за тоа ќе ја имаат на 2 август во комплексот на „Мајкрософт“ на „Петтата авенија“ во Њујорк.  си/

Фото: „Мајкрософт“.

Остани поврзан