• недела, 22 декември 2024

„Мајкрософт“ ги замрзна платите

„Мајкрософт“ ги замрзна платите

Вашингтон, 11 мај 2023 (МИА) – Една од најголемите технолошки компании во светот, „Мајкрософт“ (Microsoft) донесе одлука да ги замрзне платите на сите вработени со полно работно време како дел од мерките за штедење.

Во писмото на извршниот директор Сатја Надела на „Мајкрософт“ до вработените наведува дека замрзнувањето на платите е неопходно за да се генерираат доволно пари за инвестирање во развојот на вештачката интелигенција.

Но, компанијата ќе го разгледа зголемувањето на платите на за вработените по час.

Мајкрософт веќе ги зголеми платите во 2022 година.

Технолошките компании во минатото спроведуваа или најавуваа масовни отпуштања поради благиот раст на побарувачката и зголемените финансиски трошоци, подготвувајќи се за потенцијална рецесија.

Минатиот месец Мајкрософт објави квартална добивка поголема од очекуваната, а најавуваат и големи инвестиции во вештачката интелигенција. Тоа вклучува нова инвестиција од 10 милијарди долари во „Опен АИ“ (Open AI), компанија која го разви „ЧетГПТ“ (ChatGPT), како и интернет пребарувачот „четбот Бинг“ (chatbot Bing). ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан