• петок, 22 ноември 2024

Мајкл Коен затворската казна ќe ја отслужи дома

Мајкл Коен затворската казна ќe ја отслужи дома
Вашингтон, 17 април 2020 (МИА) - Мајкл Коен, поранешен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во истрагата за импичментот сведочеше против својот екс клиент, и е во затвор зарадисерија кривични дела, сега поради коронавирусот казната ќе ја одлежи дома, јавија некои американски медиуми. Моментално, Коен е во федерален затвор во Њујорк, каде се наоѓа од минатиот мај. Тој призна дека е виновен за измами околу финансирање на изборна кампања, лажно сведочење пред Конгресот и неплаќање даноци. Пред ослободувањето од затворот, Коен треба да мине 14-дневен карантин, а потоа преостанатото време затворска казна ќе може да го отслужи од дома. Тој требаше во затвор да биде до ноември 2021 година. Според информациите, 14 затвореници и седум вработени во затворот во кој Коен ја одлежува казната се заразиле со коронавирус. Во федералните затвори на САД досега од коронавирус се заразиле 473 затвореници и 279 вработени. Од крајот на март досега починале 18 затвореници. кб/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан